Фото: Има 112 години и пуши по 30 цигари дневно


Старица која има 112 години тврди дека длабока старост доживеала исклучиво поради континуираното пушење, односно 30 цигари дневно и тоа веќе 95 години.

Батули Ламишен родена е 1903 година, а со консумирањето цигари започнала со 17 години. Таа тврди дека оваа секојдневна рутина и помогнала да ги надживее сите во селото вклучувајќи ги и сопствените деца.starica-pusi-1-630x354

„Воопшто не ми е грижа за годините, но да, стара сум. Видов доста работи кои се менуваа во текот на мојот живот“ – објаснува Батули.

Без оглед на годините, таа не престанува со пушењето.

„Пушам цигари веќе 95 години. Не гледам ништо лошо во тоа“ – додава старицата.

Батули им дала совет на сите пушачи, да ги избегнуваат “комерцијалните цигари“ и наместо нив да купуваат тутун и да го мотаат.

Таа живее во Непал и не сакала да го напушти ниту после разорниот земјотрес.

„Луѓето во ова модерно време се многу под стрес. Најважно е да сте активни, бидејќи тоа ќе ве ослободи од стрес. Пробајте да бидете среќни и тогаш и ќе живеете подолго“ – заклучува Батули.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1