„Кршете пак ќе изградиме“ и „Историјата не се брише со сквернавење на спомениците“ се само дел од транспарентите на илјадниците граѓани кои се упатуваат кон Собранието на големиот народен собир во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.Покрај транспаренти, реките од народ веат македонски знамиња и пеат патриотски песни.