ФОТО: Македонец во Швајцарија пренесувал 700 кг покуќнина на автомобил


Во швајцарскиот град Швиц, 52-годишен Македонец синоќа пробал да пренесе покуќнина на својот автомобил, но бил застанат од полицијатаford-640x384

Имено, автомобил од марката Ford натоварен со видно премногу товар бил забележан на автопатот А4 во Швиц, и бил застанат од полициска патрола. Полициските лица веднаш забележале дека станува збор за претоварување на автомобилот чија внатрешност била речиси целосно исполнета, а на покривот биле натрупани разни предмети од домаќинство.

Мерењето на полицијата покажало дека Македонецот возел 700 килограми повеќе од дозволеното, од кои само предметите на покривот ја надминувале дозволената оптовареност за 300 килограми.

Се претпоставува дека возачот се селел и сакал да помине поевтино со транспортот на својата покуќнина. Се очекува наскоро да му биде изречена парична казна на возачот, пишува швајцарскиот медиум Blick.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1