Фото: Македонци го пречекаа Бан Ки Мун со транспаренти – МАКЕДОНИЈА


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска при пристигнувањето во Собранието, беше пречекан од група Македонци со црвени транспаренти во рацете.

На црвените табли со жолта боја ( во боите нашето знаме) со големи букви беше испишано – NO TO FYROM – YES TO MACEDONIA.

Пред собранието беа и граѓани од Егејска Македонија и поединци кои спонтано се собраа да го пречекаат Мун со иста порака. НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА!!!!.

Мун пак во своето обраќање пред собранието побара од Македонија и Грција да содадат позитивна атмосфера со своите изјави и активности за да продолжат преговорите за решавање на спорот со името.

,, Тука сум со мојот личен пратеник, господинот Нимиц и ќе го пратам во Атина да продолжи со преговорите. За ова прашање можете да сметате на ОН,, изјави Мун.

Според информациите голем дел од средбата со Бан Ки Мун, премиерот Груевски посветил на правата на македонското малцинство во Грција и за враќање на имотите на раселените по граѓанската војна во Грција, се вели во соопштението од кабинетот на Груевски. Ниту медијаторот  Метју Нимиц, кој го придружуваше Бан Ки Мун, не сакаше да открие ништо за разговорите во Скопје тој веднаш замина во Cолун каде ќе има средба со грчкиот преговарач Aдамантиос Bасилакис.

фото – Звонко Станковски

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1