На островот Кох Тао на Тајланд се пронајдени телата на 23-годишна девојка и 24-годишно момче, туристи од Велика Британија.
Се претпоставува дека девојката била силувана пред да биде убиена, а момчето имало длабоки повреди на главата и на грбот.
Двајцата млади отишле на Тајланд во август. Се претпоставува дека биле убиени ноќеска, по забавата која се одвивала на истата плажа.
Надлежните од Британија бараат брза реакција на локалната полиција.
Островот се пребарува, забрането е кој било да го напушти, но осомничени за двојното убиство се уште нема, пренесува британскиот печат.