Фото: Немал пари да си купи па сам си направил протеза откако ги загубил двете раце


Пред приближно една декада, Сан Џифа ги загубил рацете во експлозија додека ловел риба. Да бидат работите полоши, набргу сфатил дека не може да си дозволи протези кои што му ги препорачала болницата.

Наместо тоа самиот 51 годишен жител на Гуанмаш, провинција во Жилин, Северна Кина, решил да си направи сопствени вештачки раце.„Ја преживеав несреќата, но ги изгубив рацете, а немав приходи да ги земам од болницата која што ми ги понуди протезите, па затоа се решив да си направам самиот“, изјави Џифа.
По осум години тој конечно изработил работен модел кој што му овозможува да прави движења преку жици.
„Ги контролирам преку моите колена и можам колку толку да работам нормално. Можам и да се хранам самиот, како и секој нормален човек“, вели Сан Џифа.
„Единствен недостаток е тоа што се направени од челик и се прилично тешки, а рачките при жешките или зимските периоди се загреваат или ладат“, додаде Џифа.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1