Вооружен маж кој претходно бил виден во вооружениот напад во Монруж, сега држи 6 заробеници во продавница во источниот дел на Париз.
Според информациите, станува збор за припадник на џихадистичка група неговото име е Амиди Кулибаи, роден во 1982.
Терористот држи барем пет жени и деца и вели дека ќе ги држи заложниците се додека неговите пријатели се под опсада во Дамартин ен Гоел.
Исто така медиумите пренесуваат дека има најмалку две жртви.