Одблесок прашина или пак ефект предизвикан од делови од вселенски брод, засега никој не дава цврст одговор.
Мистериозната дамка која стои на фотографијата од површината на Марс предизвика лавина различни толкувања, бидејќи необичната појава е само на една фотографија. Фотката направена од возилото „Curiosity“ покажува нејасна но воочлива појава. Од друга страна на сликите испратени од истата површина два часа подоцна, нема ни трага ни глас од дамката.
Според една од теориите „Curiosity“ фотографирал вселенски брод кој по него слетал на Марс, зад ваквата теорија се разбира не стојат сериозни инжинери бидејќи тоа би било едноставно „премногу“. Друга теорија пак вели дамката е создадена поради прашина на леќите или пак вртлог од прашина на планетата.
Но со пристигнувањето се повеќе фотографии во вселенската агенција „НАСА“ било појасно дека ровер навистина слетал. Во околината на „Curiosity“ се видени делови кои го штителе за време на слетувањето.
Исто така се забележани и делови од „Вселенски кран“ кои го симнале на површината. Според организаторот на мисијата Воткинс би било одлично доколку фотографиите навистина успеале да фатат сегменти од летало
– Тоа би било неверојатно добро. Луда, несекојдневна работа.
Ова е видеото од слетувањето на кјуриосити на Марс