Општина Центар од утрово е под клуч. Вратите се врзани со синџири и катанци и на никој не му се дозволува ниту внатре ниту надвор. Вработените во општината велат дека се соочуваат со тешки притисоци. Како што пишува Прес 24, утрово на еден од нив му се слошило но не му било дозовлено да излезе од општинската зграда и да побара лекарска помош.
Седницата треба да започне во 13 часот, а здружението Веритас веќе најавува протести.
Foto – Pres24