Спасено срцето на предвреме родено скопјанче тешко само 1.700 грама


Спасено срцето на предвреме родено бебе со тешка срцева маана. Имало само 1.700 грама. Но тимот на американски и европски кардиохирурзи кој од понеделник престојува во Македонија, го спасиле скопјанчето.

Како што велат за zdravstvo24 од Клиниката за детски болести, бебето е во добра здравствена состојба и наскоро очекуваат да биде префрлено кај нив. Сега е на Детска хирургија под надзор на експертскиот тим.

srce-operacija

Операцијата траела 4 до 5 часа а вакви интервенции на многу мали бебиња не се вообичаена пракса. Но бебето имало среќа. Покрај него овие 4 дена уште 5 бебиња  и деца биле спасени од странските лекари. Сите биле со тешки вродени срцеви маани. Во саботата ќе пристигне и американскиот “Др – Хаус” кој  пред два месеци направи 10 успешни кардиохируршки интервенции.

Во операционата сала постојано присуствуваат и македонски лекари кои за три години ќе треба да почнат сами да прават вакви операции. Пред да стартува проектот со американските кардиохирурзи, бебињата со тешки срцеви маани мораа да ги транспортираат на операции во странство, најголем број во Бугарија. Само една ваква интервенција чини околу 15 000 евра.

Здравство24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1