Доцна попладнево од кумановскиот реон каде беа судирите меѓу полицијата и вооружената терористичка група се повлече механизираната единица на МВР со хермелини и оклопни борни возила.
На фотографијата се гледа извлекување на борбено возило на полицијата попладнево, на него имаше траги од куршуми на предното стакло на возачката кабина.