Лазански: Знаеле ли западните служби за влезот на косовските терористи?


Српскиот водечки експерт за безбедносни прашања Мирослав Лазански за Сител изјави дека нема шанса западните тајни служби да не знаеле за влезот на терористите во Македонија.

Со оглед на нивниот број и опрема што јха поседувале тие морале да бидат забележани од странските служби присутни во Косово смета Лазански.lazanski

Српскиот аналитичар кој има одлични контакти со српските безбедносни служби наведува дека во групата во Куманово имало и повратници од фронтовите во Ирак и Сирија каде што добиле сериозно искуство и знаење во водење ваков вид на војна а и предходно биле дел од конфликтите на албанските простори последниве дваесет години.

Според него бројот на загинатите полицајци кои што според него професионално се справиле со рпедизвикот бил на високо ниво особено ако се има предвид нивниот број и опремата со која што располагале , меѓу другото снајпери и панцири.
Се работи за долго подготвуван напад на добро организирана група при што внимателно е избран моменто кога е извршен, вели Лазански за вестите на Сител.

Гостувајќи на „ТВ Пинк“, Лазански објасни дека Македонија е најпогодното место за да се пресече „Турски тек“ и да се спречи неговата изградба.

„Македонија е најслабата алка на таканаречениот „Турски тек“ кој треба да оди преку Русија, Турција, Грција, Македонија, Србија и Унгарија. Тука е најлесно да се пресече. Турците ќе дозволат, Ципрас најверојатно ќе дозволи, Србија ќе дозволи поради тоа што повеќе ќе заработи од оваа траса, отколку таа да поминуваше низ Бугарија, Орбан ќе дозволи и ете руски гас во Австрија. Како да се пресече тоа? Најлесно е да се разниша Македонија“, вели Лазански коментирајќи го неодамнешното заземање на полициската станица во Гошинце.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1