Наредните неколку денови Македонија ќе ја зафати многу студено време со температури до 17 степени по нулата.
Новата работна недела ќе почне со снег и ниски температури. Според прогнозите максималната температура во понеделник ќе биде -1, додека минималната -14 степени.
Најстудено се очекува за Нова година. На 31.декември живата ќе се спушти до 17-тиот степен под нулата, додека на први јануари минималната температура ќе биде -16 степени.
Како ќе се ближи средината на јануари, температурите ќе бидат во благ пораст, но студеното и суво време ќе се задржи речиси цел месец јануари.
Моментални температури во Македонија: