Фото: Поранешна европска шампионка во гимнастика сега заработува од проституција


Поранешната европска шампионка во гимнастика, Романката Флоареа Флорика Леонида (25) последниве години својата егзистенција ја обезбедува со проституирање.

Романскиот весник „Либертатеа“ ја објави сторијата за Леонида, која во 2002 на јуниорското Светско првенство освои златен медал, а огромни успеси постигна и на Европското првенство, гаде успеала дадобие дури пет медали.

Флорика во 2007 година ја завршила професионалната кариера и заминала во Германија каде работела како фитнес тренер. Како што стои во романскиот весник, Румуника западнала во голема финансиска криза, била исфрлена од станот каде престојувала и за да ги подмири сите долгови почнала да работи како проститутка.

Приказната излегла во јавност откако некој претходно им јавил на новинарите дека постои оглас на сајтот „Erotikpark Ulm“, во кој некој под псевдонимот Ина нуди сексуални услуги. Новинарите успеале да пронајдат дел од клиентите кои ја препознале Флорика, која всушност се криела со псевдонимот Ина.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1