Со далечинските клучеви може да ги спуштите прозорците на автомобилот? Еве како


Далечинските клучеви за отварање на автомобилот имаат уште неколку други функции кои малкумина ги знаат. Една од нив е да ги отворите прозорците со помош на овој клуч.

На многу автомобили електронскиот далечински клуч е веќе стандардна опрема, а има и згодна опција која многумина не ја користат бидејќи незнаат за неа. Според пишувањата на CNET, трикот се состои во тоа да се притисне копчето за отклучување, па да се пушти, а потоа повторно да се притисне и задржи доле во таа положба.

Според истражувањето на CNET досега најмалку во 19 модели на автомобили оваа опција функционира.

ова се моделите каде оваа функција работи

Acura (MDX/TL/TSX)
Alfa Romeo (159)
Audi (A3/A4/A6/A7)
BMW (3 Series/5 Series/7 Series/M5/Z4)
Chevrolet (Corvette)
Chrysler (Sebring/Town & Country)
Dodge (Challenger/Charger/Durango/Journey/Ram)
Ford (C-Max/F-150/Focus/Fusion/Mondeo/S-Max/Taurus)
Honda (Accord/Accord Crosstour/Odyssey/Pilot/Ridgeline)
Infiniti (G25x/G35/G37/I30/I35/M35)
Jaguar (S Type/XJ8/XK8)
Lexus (ES300/GS350/RX300/RX350/RX400h)
Lincoln (LS/MKX/MKZ/Zephyr)
Mazda (6/CX-9/MX-5 Miata)
Mercedes-Benz (B180/C240/C300/CLK350/CLS550/E350/E500/ML550)
Mini Cooper (Clubman)
Nissan (350Z/Altima/Maxima/Murano/Titan)
Volkswagen (Beetle/Golf/Jetta/Passat)
Volvo (C30/V50)

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1