Нов пожар попладнево се разгоре кај с.Трибичино во Општина Василево. Градоначалникот на О.Василево, Ванчо Стојанов вели дека пожарот е ставен под контрола а го гаселе самите жители, локалната самоуправа како и вработени од ЈП ,, Турија,,
Овој пожар бил подметнат – веќе е приведено едно лице од с. Липовиќ кое признало дека го подметнал пожарот.
Според градоначалникот во изјава за Тв Вис – Струмица пироманот изјавил дека „Римјаните го натерале да го направи тоа“ (изгледа се работи за човек што ментално не е во ред), рекол градоначалникот.
ФОТО – пожарот во с. Трибичино, општина Василево – Ѓорги Вртев