Во неделата 18-годишиот Камерон Ланкастер прифаќајки го ледениот предизвик скокнал од карпа во вештачко езеро и се удавил.
Сведоците тврдат дека и претходно младите скокале од таа карпа, но сега тоа го правеле се повеќе деца.
![]()
Младиот Камерон најверојатно умрел од срцев удар веднаш штом ладната вода го допрела неговото тело.
Неговите родители изјавиле дека Камерон имал многу пријатели и на многу луѓе ќе им недостасува.
Алид Мек Гери, која живеела во близина на местото на несреќата рекла дека смета оти Камерон скокнал во студената вода само поради ледениот предизвик и дека видела видео на кое пред една недела друго младо момче скока од карпата за да го исполни 24-часовниот хуманитарен предизвик.










