Раскрвавени глави и модрици по телото, ваков е епилогот од тепачката која во 13.30 денеска се случи кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.
Повредени се две лица од Подгорица, Црна Гора, 29 год М.М. и 17 годишниот С.Ѓ. информираат од полицијата, пренесува Плус инфо.
Од МВР информирале дека во 13.30 добиле пријава дека во Старата скопска чаршија дошло до физичка пресметка. Полицијата излегла на терен, но не нашла никого, за потоа од Градската болница да пријават дека кај нив се донесени повредени лица. Момчињата изјавиле дека биле нападнати од група од 10 лица.
Полицијата ги бара напаѓачите и работи на расчистување на случајот.
Фото: Алсат