Од утринава во Скопје има нови споменици, пренесе порталот Први.мк.
На аголот на Универзитетската Библиотека е поставен споменикот на Пере Тошев, во негова близина е споменикот на Никола Петров Русински. Кај Судска Палата е подигнат споменикот на Андон Лазов Јанев –Ќосето, а се поставува и споменикот на Ѓорѓи Сугарев.
Одлуката за поставување на новите споменици беше изгласана од советниците на град Скопје.Како финансиер на спомениците се јавува Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје – Македонија,кое е доантор на овие споменици.
Од ова здружение дониран е и споменикот на Генаралот Михалјо Апстолски кај клучката Континентал.
Foto – Први.мк