Трагедија во Србија: 4 годишно дете загина откако шпорет паднал врз него, татко му сакал да се обеси!


4 годишниот син на Драган Милиќ пред два дена загина. Детето си играло во дворот кога шпорет паднал врз него и го усмртил на лице место

500511167_guberevac-poginulСестрата на Драган Милиќ, чиј 4-годишен син во петокот го избуги животот откако стар електричен шпорет паднал врз него, едвај можела да ја опише тагата на таткото. Во дворот на куќата на Драган во српски Сопот, каде се случила трегедијата, денеска во еден агол стојат собрани играчките на детето, а во друг тетките и роднините кои немо набљудуваат и не можат да се помират дека малото детенце кое до вчера возело син точак сега го нема, пишува Блиц.

– Драган секогаш беше покрај синот и кога одеше на работа го земаше со него. Мајката ги остави веднаш откако се породи. Како предвреме родено дете, беше тешко само едно кило, затоа што таа пиеше алкохол за време на бременоста. Беше дојдена од Неготино и има уште неколку деца, раскажува сестрата на Драган Милиќ за Блиц.

1500511168_guberevac-poginuБратучедот на таткото раскажува дека кога се случила несреќата Драган сечел дрва со моторна пила позади куќата, а кога забележале дека детето го нема, заедно почнале да го бараат мислејќи дека е некаде низ дворот.

– Го баравме низ дворот мислејќи каде би можел да отиде, кога Драган му ги виде нозете пртиснати под шпоретот. Кога го дигнавме, детето лежеше непокретно. Му дадовме вештачко дишење, ама џабе. Веројатно шпоретот му го истиснал сиот воздух од него, објаснува роднината.

Кога дошла Брзата помош за да го однесе телото на детето во Белград, на Драган му се слошило. Не препознал никој од роднините и соседите кои дошле во куќата. Лекарите му дале лекови за смирување, но тој сепак не можел да заспие.

– Беше црн во лицето. Притисокот му се качи и посегна да се беси. Се мачеше да му обезбеди се на својот син, а ете што се случи. Ќе го одведам со себе во Младеновац затоа што е во тотален шок и не знае за себеси, изјавила низ солзи сестрата на Драган.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1