Фото: Вака се прави луксузна свадба кога имаш 43 милиони долари


Една од најпознатите кинески актерки која е позната како Angelababy стапила во брак со актерот Huang Xiaoming, а за самата церемонија потрошиле неверојатни 43 милиони долари.svadba66

Невестата е уште попозната како кинеската Ким Кардашијан според бројот на луѓе кои ја следат на кинескиот Инстаграм – Weibo како и по екстравагантното однесување. Овојпат екстравагантното однесување беше прикажано и низ нејзината вртоглаво скапа венчавка.

Луксузот на нивната венчавка може да се огледа во сите „мали“ детали.svadba33

Самата церемонија се одвивала во центарот Shanghai Exhibition – простор со големина од 18.580m2 каде биле сместени нивните 2.000 најблиски пријатели и роднини.

Просторот бил декориран во розови и виолетови нијанси кои го трансформираат во романтична бајка како од филмовите. Меѓу деталите кои биле вклучени во изгледот на просторот се големиот ѕид направен од цветови за фотографирање и масивниот холограм од дворец.svadba44

Angelababy служи како модна инспирација за голем број на девојки во Кина, па за својата свадба се одлучила за Dior.

Свадбената торта била на 10 спратови, а само за бурмите потрошиле по 3.000.000 долари.

До крајот на вечерта таа променила уште два фустани.svadba55kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-4 svadba11

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1