Фото/Видео: Крвави солзи на иконите во Русија и Украина


Ги предупредува ли Бог жителите на Русија и Украина на голема катастрофа која наскоро ги очекува? Тоа не е исклучено смета главниот уредник на полскиот католички портал Фронд.

ikona-500Во повеќе од десет манастири ширум Русија и Украина, иконите на светците речиси во исто време почнале да плачат, а солзите им се со видливо црвена боја. Феноменот е забележан во повеќе градови.

Иконите во руската историја плачеле два пати

Russian icons

Светите икони во руската историја плачеле само два пати. Еднаш пред Октомвриската револуција, а вториот пат пред падот на СССР. Во двата случаи на промената им претходеле крвави судири со голем број човечки жртви.

ikona1-500

Во православната и католичката традиција феноменот на крвави солзи на светите икони на Богородица е знак „од горе“. Солзите се појавуваат кога верниците треба да се предупредат на покајание или јакнење на верата. Меѓутоа, тие се знак само за оние ки веруваат и ја прифаќаат појавата како знак на верата одвнатре.

„Овие знаци се доволни за паметните“

-Што се однесува за Украина и Русија, овие знаци се доволни за паметните за да се сфати дека се случуваат големи друштвени промени. Тие во овој случај можат, за жал, да преминат и во крвави, вели хрватскиот богослов Антон.

ikona2-500

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот за прв пат се обрати во јавност по дозволата за воена интервенција. Руската војска кон украинската испукала предупредувачки куршуми.

-Превземањето власт во Украина е противуставен чин. Но, и покрај тоа, истакнувам дека ќе употребиме воена сила само доколку е крајно неопходно, изјави Путин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1