Фото/ Видео – Врие во Шпанија вечерва – полицијата тепа и жени


 

Во центарот на Мадрид судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжија и во текот на ноќта. Протестот организиран преку социјални мрежи собра неколку илјади луѓе пред парламентот – протестираат против намерата на Владата да претстави нови економски мерки. 

Иако беа ангажирани над 1.500 полицајци насилствата ескалираа, а во еден момент демонстрантите ја опколија полицијата по што настана хаос. Полицијата удираше по секој демонстрант што се најде во нивна близина, а како што се гледа од фотографиите не ги поштедија ниту жените. Не останаа должни ниту демонстрантите кои удираа по полицијата со што стигнат. на снимката дури се гледа како неколку млади луѓе шутираат полицаец кој падна на земја. 14 луѓе се повредени, над 20 уапсени се првичните информации, но се стравува дека оваа бројка ќе се зголеми.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1