Фото: Во Сибир откриено најголемото наоѓалиште на дијаманти во светот


Како да не се од овој свет – квалитетот и количините се мерат во трилиони карати.

Најголемото наоѓалиште на дијаманти откриено е на истокот на Сибир, на подрачјето околу кратерот настанат од удар на метеор пред 35 милиони години. Научниците предвидуваат дека резервите на овие дијаманти би биле доволни за целиот свет во наредните три илјади години. Станува збор за дијаманти кои имаат поразлична структура и два пати се појаки од вообичаените. Руските научници уште во седумдесетите години на подрачјето на кратерот ги пронашле првите дијаманти, но со оглед дека тогаш СССР експлоатирала други места и произведувала синтетички дијаманти, оваа тајна била строго чувана и сите истражувања биле запрени, наведува Дејли Меил.

Откако тајната била откриена геолозите го проучувале овој вреден минерал.

– Никаде во светот до сега не се пронајдени импактити со такви карактеристики што на стручњаците им дава можност да зборуваат за нивното вонземско потекло и за тоа дека Русија останува единствениот сопственик на неограничената резерва на единствената сировина која е барана во сверите на современата технологија, изјавил заменик директорот на сибирскиот институт за геологија и минералогија, Генади Никитин.

Директорот на институтот Николај Похиленко навел дека првите резултати од истражувањето се доволни за да може да се зборува за можен пресврт на селокупниот пазар на дијамантите.

– Ресурсите на суперцврстиот дијамант кој се наоѓа во карпите од кратерот Полигај значително ги надминува сите досега откриени резерви на дијаманти. Се работи за 3 трилиони карати изјавил Похиленко.

Научниците предвидуваат дека резервите на овие дијаманти би биле доволни за целиот свет три илјади години, а нивната примена во преработувачката индустрија би можела да донесе до нова техничка револуција.

Изгледа дека ова „реоткривање“ ќе ја преврти моќите на светската сцена, а Русија со олку „блескави“ причини може повторно да ја преземе улогата на креатор на светските случувања.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1