27 годишната Виолета Талевска, вереницата на Кирил завршила медицинско училиште, стажирала во болница, а често му помагала во бизнисот на Кирил. Се вериле ден пред убиството.
Кирил отишол кај нејзините во Нерези со прстен и ја побарал, заедно биле 3 години. Била мирна, вредна и мила девојка,
Другата девојка Марта Перин, му била поранешна девојка на Кирил, заедно биле долги години и многу се сакале. Таа била правничка живеела но Ново Лисиче.
И за едната и за другата девојка соседите велат дека биле мили и срдечни девојки. Но никој нема лош збор ниту за убиецот – 35 годишниот Кирил. Соседите за него имаат само пофални зборови а и родителите на вереницата Виолета за Дневник изјавиле.
,,Двајцата беа среќни, се сакаа, заедно беа три години. Некогаш беа заедно во странство, некогаш тој одеше сам, а таа и’ помагаше на баба му на Кирил. Знаете, да бидеме искрени, до пред неделата за зетот не можевме да кажеме ниту еден лош збор“, изјвиле за Дневник блиските на Виолета.
Кирил од мал живеел со неговата баба, бил омилен во зградата, но во последно време велат бил чуден, замислен.
„Ниту пиеше ниту се дрогираше. Беше дете за пример и затоа не можеме да се изначудиме од каде се случи сега ова“, зборуваат за дневник соседите.
„Со девојката од Аеродром (ново лисиче) беа заедно многу време. Уште се гледаа, неодамна беа заедно на одмор во Дубаи. Другата девојка од Козле му дојде дома, тој во странство, а таа сама во станот со баба му. Тој не сакаше ништо со неа, затоа и се зачудивме што се свршија во саботата. А Кирил беше чуден во последните една-две недели, замислен, отсутен, ниту ‘добар ден‘ не ни викаше кога ќе се сретневме“, изјавиле станарите во зградата број 64.
Семејството на 27-годишната Марта Перин не сакале да зборуваат јавно за трагедијата. Станарите во зградата број 22 на булеварот АСНОМ во Ново Лисиче имаат само убави зборови за Марта.
Несреќната Марта ја опишуваат како талентиран правник и срдечно девојче. И тие начуле секакви муабети, гласиштата при вакви ситуации тешко се сопираат, но е неблагодарно да се засега по човечките судбини.
Дали е во прашање љубовен триаголник, дали свршувачката на Кирил и Виолета го забрзало вулканот кој не можел да биде сопрен?
Истрагата на полицијата и натаму трае. Според досегашните резултати, Ристески во неделата со својот автомобил „опел астра“ ја донел Перин пред зградата во Кисела Вода, по што ја усмртил.
Се качил дома и веднаш ја застрелал и Талевска. Неговата баба слушнала истрел, повикала полиција, Ристески излегол надвор.
Неколку часа подоцна, неговото тело беше пронајдени во дворот на ОУ „Круме Кепески“, стотина метри подалеку од семејниот дом. Крај неговото тело бил пронајден и пиштол, марка „валтер“, за којшто поседувал дозвола.
Извор/Фото дел – Утрински весник