Ултра богатите Французи здивнаа. Законот со кој се предвидуваше да плаќаат 75 насто данок за да ја помогнат кризата сите кои заработуваат над 1 милион годишно, падна на уставен суд.
Уставниот суд на Франција го прогласи за неуставен бидејќи е нерамноправен – сите Французи се еднакви пред даночните обврски и неможе за едни да е една стапка за други друга, е образложението на судот.
Поради најавата за данокот од 75 отсто многу познати и богати французи го вратија францускиот пасош и побараа државјанства од други земји.
Но француската Влада не се откажува најави дека ќе предложи нов закон со кој ќе се воведе данок од 75 проценти за личните примања од над еден милион евра, велат новиот текст ќе биде во согласност со принципите поставени од Уставниот суд.