Склучиле договор за кредит со заложување на имот, не ги отплаќале месечните рати па банката ја активирала хипотеката. Вака раководството на Транс Велес во 2005-та година ги оштетило акционерите во компанијата за сума од над 330 илјади евра. Директорот Илија Тепев склучил договор за хипотека врз имот на Транс Велес која овозможила неговата компанија Тедико да добие кредит од 300 илјади евра.
Според истрагата на полицијата, овој договор воопшто не требало да се реализира бидејќи во тој момент Транс Велес требало да замине во стечај. Поради ова, пријави за злоупотреба на службена положба заработија осуммина. Кривично ќе одговараат сопствениците на Транс Велес и Тедико, како и членовите на одборот на директори.