Пристигнала првата апликација на огласот на министерот Тодоров за вработување на генијалци како негови советници. Според Министерството за здравство кандидатот доставил сертификат од МЕНСА international.
Генијалецот кој се пријавил има IQ 156.
-На апликантот му благодариме за интересот, а Министерството за здравство уште еднаш ги охрабрува сите заинтересирани, а кои ги исполнуваат критериумите, да се пријават на огласот, се вели во соопштението од МЗ.