Се затвори хотел Бристол


 

Најстариот скопски хотел, препознатлив за Скопје – хотелот „Бристол“ по 90 години постоење, од денеска е затворен. Уште едне препознатлив скопски објект замина во историјата.

Телевизија Телма се обидела да дозне зошто но од „Македонија турист“ кои стопанисуваат со хотелот не биле достапни за коментар.

– Без да ни кажат ништо, одеднаш добивме решенија за технолошки вишок. Како причина за затоврањето на хотелот, ни рекоа дека е од економски причини и не добивме никакво дополнително објаснување. Терасата функционираше прекрасно, но хотелот не работеше како што треба затоа што 30 години ништо не е инвестирано во него, изјавил Свето Славевски, вработен во „Бристол“.

Хотелот „Бристол“ го изградила фамилијата Караџа во 20-те години на минатиот век. Од нејзиното основање во 1963 година, до денес, со хотелот стопанисува компанијата „Македонија турист“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1