Терминатор рака – може да скрши железо, а и нежно да држи јајце (Видео/Фото)


Нигел Ацкланд (53), пред шест години во несреќа на работното место, останал без подлактицата, но сега има бионичка рака од карбонски влакна, која е доволно силна да може да држи и пивска боца и доволно нежна да со неа да може да скрши јајца.

Протезата Be Bionic која е создадена од страна на британската компанија RSLSteeper е тешка само 550 грама, а зглобоивте се направени од алуминиум. За разлика од класичните протези, со кои може да се спојат само палецот и сите прсти заедно.

BeBionic раката има мотор за секој прст, кој може да работи самостојно, како оној кој би ја носел, би можел да примети различна сила и зафат.

Во протезата се наоѓа и електронски склоп кој прима сигнали од мускулите на раката и кои на протезата и даваат знак дали треба да ја отвори или затвори дланката или да го сврти зглобот. Силата со која Нигел ја одредува со мускулите, се пренесува на протезата, па така се одредува и цврстината со која се прима некој предмет.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1