Британските научници донеле заклучок дека нашата толеранција на болка зависи од гените кои меѓусебно соработуваат за подобра регулација и распоред на болката. Истражувањето е направено врз примерок од 2.500 луѓе.
Оние со понизок праг на болка, имаат поизрасена подложност кон настанување на хронични болки, а научниците веруваат дека токму поради тоа истражувањето може да помогне да ја олесни болката кај лицата и да го унапреди делувањето на аналгетиците и другите лекови против болка.
Тимот од овој колеџ ја анализирал ДНК на испитаниците, и откриле дека лицата кои се осетливи на болка имаат специфични варијации во својот генетски код. 77 отсто од луѓето кои патат од некои хронични болки со години трпат и бараат лек, додека 10 отсто од нив признаваат дека поради тоа од време на време помислуваат на самоубиство.