Настанот се случил завчера вечерта додека насилникот бил во својата соба во одморалиштето. Насилникот испровоциран излегол од собата. Прво почнал да им вика и да се кара со нив, но во еден момент извадил нож и почнал да ги боде. Едниот од браќата добил повреда на дебелото црево, стомакот и десниот бут, а другиот имал повреди по телото и главата.
Во обид да спречи поголема трагедија, настрадал и братот на насилникот, при што и тој добил убод со нож во левиот бут.
Повредените веднаш биле пренесени во градската болница „Свети Наум охридски“.