Ги лечел со акупунктура – со иглите заразил 16 луѓе со ХИВ вирусот


Самопрогласен швајцарски акупунктуролог, кој не бил заразен со ХИВ, е обвинет за намерно заразување на 16 луѓе на ХИВ вирусот кој предизвикува сида.


Регионалниот суд во Берн, Мителанд, го обвини засега неименуваниот маж, за намерно ширење на болест и предизвикување на телесни повреди за кои што е предвидена казна од пет до десет години затвор, соопшуваат од канцеларијата на регионалното обвинителство на Берн.

Според зборовите на портпаролот на обвинителството, обвинетиот неовластено се занимавал со акупунктура во периодот од 2001 до 2005 година, период кога ги заразил жртвите.

„Обвинетиот ги негира и птфрла сите обвиненија против него“, стои во соопштението на обвинителството.
Случајот излегол на виделина откако во болницата во Берн, се повела истрага во врска со луѓето кои што тврделе дека споменатиот акупунктуролог ги заразил со ХИВ.

Полициската истрага е покрената поради тоа што една од жртвите во 2005 година, поднела кривична пријава, а биле потребни години да истата биде завршена, поради разновидни тешкотии, од генетски тестови за идентификација на жртвите, па се до заштита на нивната приватност, се наведува во обвинителството.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1