Албанка го потресе Балканот откако со нож ги усмрти трите малолетни ќерки – 13-годишната Симона, 10-годишната Кеси и 3-годишната Синди. 38-годишна Албанка изјавила дека ги убила за да ги спаси бидејќи според неа не ги очекувала светла иднина.
Ги убив за да ги спасам од очајничкиот живот што ги очекуваше во иднина, рекла Добруши откако ја уапсиле како лута целата крвава по улиците во населбата каде живееле во периферијата на градчето Лечо.
полицијата била згрозена од глетката во станот – Откако ги убила девојчињата таа ги легнала на кревет едно додруго и се обидела да се самоубие. Си нанела рана на раката и вратот.
Таткото на трите девојчиња за трагедијата дознал од албанската полиција. Тој бил разведен од мајката неодамна.