Гинеколог осуден на две години затвор – земал мито


Гинекологот Марјан Стојовски кој беше раководител на операционите сали на Клиниката за гинеколгија и акушерство е осуден на две години затвор за примање поткуп и изречена му е забрана за вршење на професијата во траење од една година од денот на праводилноста на пресудата, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Ова е втора пресуда за гинекологот откако апелациониот суд покрај двегодишната казна затвор му изрече и забрана за вршење на дејноста, па покрај првичната двегодишна казна затвор Стојовски доби и забрана за вршење на дејноста во траење од една година.
mito lekar
Стојовски, кој беше уапсен во 2010 година, како хирург-гиниколог во Клиниката за гинекологија и акушерство во неколку наврати од лице од Кичево побарал и примил 120 илјади денари за да ја оперира неговата сопруга, иако тоа му е обврска во рамки на работните задачи. Оштетениот во текот на минатата и оваа година ја носел сопругата на прегледи кај пријавениот, при што била констатирана дијагноза „тумор на матка“ и требало да и се изврши хируршка интервенција.
Гинекологот ги известил пациентката и нејзиниот сопруг дека нејзината здравствена состојба е загрижувачка и се влошува, поради што е неопходна операција што е можно поитно, а  за неа требало да платат 80 илјади денари, износ што подоцна го зголемил на 120 илјади денари.
Осомничениот хирург барал парите за хируршката интервенција да му ги дадат лично нему, а тој „наводно“ ќе ја направел потребната уплата на сметка на клиниката.
Сопругот на пациентката го пријавил случајот на 24 април 2010 година во Министерството за внатрешни работи по што се преземани мерки и активности за обезбедување докази за откривање на случајот и документирање на кривичното дело.
Откако претходно технички биле обработени договорените за исплата 120 илјади денари, во три наврата од по 40 илјади денари, на 13 и на 20 минатиот месец и во петокот, сопругот на пациентката му ги предал парите, што било документирано.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1