ГЛАСАЈТЕ ЗА ОМИЛЕНИОТ РАДИСКИ ХИТ


15 македонски изведувачи со најдобрите годишни хитови ќе настапуваат на овогодинешниот македонски радиски фестивал МАРС 2012 овој четврток, 22 ноември во Универзална сала.

Вкупно  45 радиостаници од Македонија направија избор од  600 македонски песни кои биле пуштани  во етерот во текот на годината. Гласањето ќе биде на два начини. Со жири и смс гласање. Првите три песни ќе се добијат со јавно гласање од 1 – 12 поени на 12 членото жири составено од претставници на националните и локалните радиостаници во Македонија. Во играта за гласови се вклучувате и вие.

Како да гласате? –  По пат на СМС на телефонскиот број 141 345, по цена од 41.30 денари за порака со вклучен ДДВ.

1. За да се регистрира гласот треба да испратите порака со содржина која ќе го содржи само редниот број на изведувачот.

На пример: 01,02, 03…Нема ограничување за бројот на гласови од еден телефонски број, а гласањето трае до 22 ноември.

Оној кој ќе добие најмногу гласови преку СМС пораките ќе добие право за користење на Универзална сала за концерт наредната година. Редоследот на песните за кои може да гласате го имате на следното видео.

http://youtu.be/Gd42jDQ_7wY

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1