Главни причини за крварење меѓу два циклуса


На многу жени им се случило на долната облека да забележат капка крв, иако не е време на циклус.

Науката вели дека има четири најчести причини, зошто жените крварат помеѓу два циклуса.

Сексуално пренсолива болест

Повременото оскудно крварење може да биде симптом за кламидија или гонореа. Другите симптоми на овие бактериски сексуално пренесливи болести се болка во долниот дел на абдоменот, густ жолтникав секрет, но многу жени воопшто не чувствуваат никакви знаци. Ако имате секс без заштита, одете на гинеколог, зошто овие болести делуваат на плодноста.

Хормонална контрацепција

Кога почнувате да ги користите апчињата,  можна е појава на крварење. Тоа е последица од прилагодувањето на вашиот организам на синтетички хормони. Ако крварењето е пообилно од  неколку капки и трае и по третиот месец од почетокот на користењето на апчињата, под итно посетете гинеколог.

Бременост

Дури 25 отсто од трудниците на почетокот на прворо тримесечје од бременоста имаат мало крварење. Најпрво проверете со тест дали сте бремени, а потоа направете ги сите неопходни прегледи на гинеколог.

Див секс

Мала количина на темно црвеникава крв може да значи дека во текот на сескуалниот однос дошло до силна повреда на вагиналниот ѕид и грлото на матката. Крварењето би требало да се смири брзо, а раната ќе заздрави сама од себе.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1