Дениз Чакир, славната турска актерка нам најпозната по улогата на Ферхунде од серијата „Кога лисјата паѓаат“ пред неколку дена и e дијагностицирана тешка болест.
Турските медиуми повикувајќи се на извори блиски на актерката велат дека при рутински преглед на Ферхунде наводно и е констатиран тумор на јајници.
Поради чести болки во долниот дел од стомакот отишла на преглед каде лекарите констатирале промени на левиот јајник, при што и предложиле итна операција на актерката.
Дениз Чакир не се сложила со итна операција и се одлучила за уште неколку мислења од истакнати турски лекари.