Го барала исчезнатиот син една година, а тогаш го видела селфито на една двојка (ФОТО)


Жена чиј син исчезнал пред 11 месеци во Португалија тврди дека го пронашла благодарејќи на селфито направено на натпреварот на Стемфорд Бриџ, кој го објави еден пар додека биле на трибините.01-missing-john-42-22

Лесли Едвардс (54)  на фотографијата од натпреварот на кој играл Челзи видела маж кој наликувал на нејзиниот син Џон Андерсон Едвардс, кој исчезнал минатата година.

Последниот контакт со синот го имала во септември. Тогаш работел како готвач во Португалија.

Наводно, Џон пред исчезнувањето имал сериозна повреда на главата, а неговите работи и личните документи биле пронајдени во станот кој го изнајмувал.

Фотографијата и ја испратил еден пријател кој исто така помислил дека можеби станува збор за Џон.

Мајката сега ги замолува сите оние кои го виделе на натпреварот да и се јават.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1