„Те фатив! Избеганиот бивш македонски премиер Никола Груевски забележан во Будимпешта“, напишал дописникот на Гардијан од Унгарија Ден Нолан на Твитер и ја постирал фотографијата .
Gotcha! Fugitive ex #Macedonia PM @GruevskiNikola spotted in Budapest. pic.twitter.com/EhN02ZYI9v
— dan nolan (@nolan_dan) December 11, 2018
Нолан е фриленс новинар, кој од Будимпешта често известува за британските „Гардијан“ и „Дејли телеграф“, но и за други европски медиуми, главно за теми од културата, политиката и човековите права во Централна и Источна Европа. Во 2016 година бил меѓу номинираните за Европската награда за печат, со авторски труд посветен токму на рефлексиите од односот на Унгарија кон миграциската криза. Покрај неговата потврда на автентичноста на фотографијата, друга официјална потврда нема.
Ова е прва фотографија од Груевски по неговото бегство и добивањето азил во Унгарија, пред отслужување на двегодишната затворска казна.