Џастин (21) и Британи (21) Алстон од Тексас се осудени на 60 години затвор бидејќи со изгладнување својот новороден син Рајли го изгладнувале и го довеле на работ на смртта.
Мрзеливите родители често се опивале со своите пријатели наместо да се грижат за детето. Сепак, да не била една од овие забави, бебето веројатно не би преживеало. Имено, во текот на една од тие забави, неколку тинејџери слушнале како бебето плаче. Глетката која потоа ја виделе била повеќе од вознемирувачка. Бебето било „коска и кожа“, и лежело во својот измет и повраќаници.
Откако го пронашле детето, тие ги алармирале надлежните служби и Рајли бил префрлен во болница каде се опоравил и ќе биде пренесен во згрижувачко семејство