Го предвиделе растот на џихадистите – Третата светска војна ќе започне на Балканот!


Истражувачите тврдат дека францускиот пророк Нострадамус ја предвиде идејата на исламистите да доминираат со Европа и дека тоа ќе поттикне Трета светска војна.nostra3

За овој пророк се врзуваат точните визии за доаѓањето на Наполеон и Хитлер како две појави на Антихрист. Третата појава на Антихрист се смета дека ќе биде 27 години пред Третата светска војна. Имено во пророштвото наводно се спомнува војната во Украина, но и дека лидерот на ИД е наводниот Антихрист, како и дека крстоносната војска (на САД) ќе ја окупира Месопотамија (Ирак).

Поради тоа многумина мислат дека пророкот го опиша растот на Исламската држава. Инаку за потсетување неодамна од ИД објавија мапа на освојување до 2020 година, во која се наоѓа и Балканот.

Еден сајт за пророкот дава и конкретни стихови: „Ќе дојдат расипани, злобни и лоши кои ќе ја тероризираат Месопотамија. Сите ќе бидат пријатели на прељубничката, земја лоша во секој смисол“.

На веб-страната се дава и објаснување дека се работи за Ирак по инвазијата на САД и нередите кои избија потоа, и растот на Ал-Каеда и исламската држава.

Исламската држава за главна цел ја имала Месопотамија (Ирак), а нејзиното знаме е црно, метод на владеење на триранијата. Други стихови на Нострадамус според зборовите на познавачите тврдат дека војната ќе почне во Европа. Според претходните толкувања војната требаше да почне во 1999 година и да заврши до 2026..

Исламска држава наводно поседува ураниум, а тврди дека сака под своја власт да ги стави Грција, Балканот и Шпанија.

Алојз Ирлмајер
Алојз Ирлмајер е Германец кој во 1950 година ја предвидел Третата Светска Војна. Тој го напишал следното:„ Сите ќе се повикуваат на мир. Одеднаш ќе дојде до војна на Блискиот Исток кој ќе се зголемува постојано, големи поморските сили ќе се пресметат со непријателот на Медитеранот, а ситуацијата ќе стане многу критична. Меѓутоа права искра ќе избие на Балканот: „Гледам како некој ГОЛЕМ ЛИК паѓа, крвари, двајца луѓе ќе го убијат“, тие се платени од некој сосема трети луѓе. Еден од убијците е човек со низок раст, другиот е висок со светла коса. Осветата набрзо ќе дојде преку вода, меѓутоа и жолтиот змеј ќе изврши инвазија на Аљаска и на Канада истовремено, но нема многу да постигне. Кога златниот град ќе биде уништен, тогаш големата ВОЈНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1