Го претепал зетот до смрт бидејќи премногу спиел


Бојан Жигиќ (26) од Србија, кој повеќе од десет години живеел и работел во Америка, починал откако претходно бил претепан од очувот на сопругата Карл Споери во американската држава Илиноис. Според изјавата на сопругата Ерика нејзиниот очув го претепал сопругот бидејќи премногу спиел.

Бојан Жигиќ во Америка работел како возач на камион и со сопругата Ерика имаат тримесечен син. Во семејната куќа во Ла Гранде Парк со нив живеел и очувот Карл, кој минатиот понеделник го нападнал Бојан.

Полицијата го пронашла Жигиќ во тревата во бесознание и со тешки телесни повреди и нагмечувања на мозокот итно бил префрлен во општинската болница каде се до минатиот петок живеел со помош на апарати, но од тешките повреди кои му ги нанел Карл починал.

Карл Споери е уапсен истиот ден и обвинет за убиство од прв степен и одредена му е кауција во износ од 250 илјади долари. Пред судот за прв пат ќе се појави денеска.

Бојан Жигиќ е погребан на православните гробишта во Илиноис во неделата.

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1