Го закопале жив со жртвата која ја силувал и убил


Силувачот на една жена во Боливија е жив закопан, заедно со неговата жртва, од страна на толпа гневни селани, кои решиле самите да му пресудат на злосторникот.

Полицијата го идентификувала 17 годишниот Сантос Рамос, како силувач и убиец на една 35 годишна жена од градот Колкуечека, во југостичните делови од оваа јужноамериканска земја.

bolivija ziv zakopan grobistaИнцидентот се случил за време на погребот на несреќната жена, кога некој од луѓето го забележиле и осомничениот за силувањето и за убиството. Гневна толпа од околу 200 жители од градот, го грабнале Рамос и го фрлиле во отворениот гроб. Во него веќе бил мртовечкиот сандак со убиената жена, па луѓето почнале да фрлаат земја и го затрупале гробот, заедно со се уште живиот силувач.

Полицијата соопшти дека луѓето ги блокирале сите околни патишта, попречувајќи да дојдат силите на редот и да интервенираат. Случајот го открил еден радио репортер кој сега настојува да остане анонимен, стравувајќи дека луѓето од Колкуечека би можело и нему да му се одмаздат.

Градот Колкуечека се наоѓа на 300 километри, југоисточно од главниот боливиски град Ла Паз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1