Го замениле како бебе во болница – наместо богаташ живеел како сиромав – ја тужи болницата


Постар Јапонец , кој при раѓањето по грешка бил даден на погрешни родители ја тужеше болницата и доби надомест затоа што тој го поминал својот живот во сиромаштија, наместо во изобилие кое го имале неговите вистински родители.

Шеесет годишен човек , чиј идентитет не се открива, сакал да може да го врати назад времето кога дознал дека неговите вистински родители се богати и дека неговите биолошки браќа буквално пливаат во пари, додека тој живеел навистина тежок живот.

bebe555Жената која го одгледала како негова мајка, по смртта на сопругот едвај сврзувала крај со крај. Семејството ги немало ни основните прехрамбени продукти за да го мине денот. Станал возал на камион и никогаш не се оженил. Да не била грешката во болницата, тој ќе биде израснат како најстарото дете во богато семејство со четири синови и ќе имал луксузен живот , кој меѓу другото вклучува и приватни тутори. Наместо тоа, тој израснал во еднособен стан , каде што единствен луксуз беило радио, и се школувал во вечерно училиште , а работел во фабрика за да има барем за леб. Морал да се грижи и за браќата од кој едниот бил болен по преживеаниот срцев удар и бил целосно на грбот на постариот брат.

Кога тој дознал дека можел да има лесен живот наместо пеколот низ кој минал, илјада мисли му се мотале низ главата.

– Јас се прашував како тоа можело да се случи, не можев да поверувам. Да бидам искрен , во прво време не можев да го прифатам, но фактот дека живеев тешко, а сум можел да имам поинаков живот ме налути, изјавил тој пред насобраната толпа на прес-конференција во Токио.

Тешкиот, мачен живот како да беше судбина за жената која ме одгледа, рекол тој.

Дека други луѓе се негови биолошки родители дознал случајно, неговите биолошки браќа по смртта на родителите нарачале ДНК тестирање , бидејќи отсекогаш се сомневале зошто најстариот брат не наликува на нив, ниту на родителите. Кога резултатите покажале дека тие не се никако во роднинска врска тие ја контактирале болница и побарале да се проверат податоците. Така се дознало за грешката во породилното одделение. Сакале да го запознаат вистинскиот брат и успеале да го пронајдат.

Несреќниот човек сега се поврзал со неговите биолошки браќа и се обидуваат да ги надоместат изгубените години. Судот во Токио пак нареди болницата да му плати 300.000 евра отштета поради грешката во 1953 година. кога тие ги замениле бебињата родени со само 13 минути разлика и ги дале на погрешни родители.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1