Годинава зимницата ќе биде поскапа од лани


Годинава зимницата ќе биде поскапа од лани. Причина за тоа се неповолните временски услови кои влијаеа на родот и квалитетот на ,,ајварката” и „куртовската капија“ пиперките од кои се прави ајварот. Освен лошиот квалитет нивната цена е поголема од минатата година. Па така, ако лани на големо овие пиперки се продаваа од 20 до 25 денари килограм, сега ќе чинат 30 или 35 денари.bgd-zimnica

Инаку килограм зелени пиперки на пазар се продаваат од 25 до 30 денари за килограм, црвените пиперки за ајвар по 40 денари, морковите се продаваат од 30 до 40 денари килограм, доматите во зависност од сортата може да се најдат по цена од 10 па до 40 денари по килограм. Зголемна цена имаат краставичките и тие се продаваат околу 40 денари за килограм. Производителите и пазарџиите велат дека и потрошувачката е намалена во споредба со минатите години.

Некои од граѓаните веќе направиле зимница, а другите допрва ќе ја прават, но повеќето од нив се согласни дека земјоделските производи годинава се поскапи од лани.

Додека повозрасните од објективни причини во намален обем од претходната или годините пред тоа, размислуваат и планираат да наполнат тегли со ајвар и други македонски специјалитети, поголем број од младите велат дека или немаат време, немаат услови или, пак, полесно им е да купат во маркетите. За нив традицијата може да „почека“ некои други времиња.

Tv Orbis

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1