Годишнина од смртта на Глигоров


kiro-gligorov

На денешен ден минатата година почина првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Почина во својот дом во Скопје на 95-годишна возраст.

Претседателот Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

Учествувал во Народноослободителната борба. Во Президиумот на АСНОМ бил повереник за финансии. Бил секретар за финансии на Сојузниот извршен совет, член на Претседателството на СФРЈ и претседател на Собранието на СФРЈ.

kiro gligorov1

За претседател на Република Македонија е избран на 27 јануари 1991 година, во два мандати, до 19 ноември 1999 година кога со своите 82 години, беше најстариот претседател на држава на светот, што го забележа и Гинисовата книга на рекорди.

За време на неговиот мандат на референдум Македонија прогласи независнот на 8 септември. На 17 ноември беше донесен Уставот на РМ, а на 8 април 1991 земјава стана  181 членка на ООН.

kiro gligorovНа 3 октомври 1995 година Глигоров преживеа атентат во кој се здоби со тешки повреди во главата. Нападот, кој беше извршен со автомобил-бомба на на улицата Македонија, се случи по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за меѓусебно признавање на двете земји. Нарачателите и сторителите на атентатот се уште не се откриени.

По пензионирањето, во 2001 година Киро Глигоров ги објави мемоарите „Македонија е се што имаме“ и „Сите југословенски стопански реформи“ и ја основа фондацијата „Глигоров“, која поддржува проекти од културата и уметноста.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1