Српската пејачка Даниела Стоилковиќ (35), која поради смртниот случај беше спречена да влезе во реалното шоу „Фарма 6“, вчера на градските гробишта во Лесковац го погреба сопругот Алексадар Саша Стоилковиќ (45).
Нејзинот сопруг почина од срцев удар откако ја испрати во карантин пред велгувањето на реалното шоу. Имено, Александар сопругата ја донесол до Шимановце, и посака многу успех и среќа, и напоменал да ги истрае добро деновите во шоуто бидејќи ја има неговата поддршка.
Само десет минути по влегувањето во карантинот пејачката од продукцијата ја доби најужасната вест во нејзиниот живот. На нејзиниот сопруг му се слошило само 10 тина минути откако ја оставил сопругата, застанал на бензиска и излегол од автомобилот но само се струполил. Иако веднаш се обиделе да му пружат помош, а пристигнала и брзата помош Александар починал.
Најблсиките пријатели на пејачката велат дека таа постојано плаче и го довикува својот сопруг. На погребот присуствувале многу личности од јавниот живот.