Голема трагедија во селото Куклица – легендата за камените сватови


Куклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово. Сместено е на десната долинска страна на Крива Река, во нејзиното средно сливно подрачје

kuklica5Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците.

Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле.

Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото “Весела свадба” зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети “кукли”, и местото го добило своето име – Куклица.

kuklicakameni-kukli5

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.

image222Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала “кукли” повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква “свадба” нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.

Локалното население кажува дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно маало, двата локалитета што се поделени со еден рид, никнува по една нова фигура. “Највпечатливи се невестата и младоженецот, кои се придружени од деверот и деверицата. Тие се најголеми и се гледаат еден со друг в очи”, кажуваат селаните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1