Ова се криминалците кои преживеаа – живите актери од филмот ” Vidimo se u citulji”


Дури 9 од 19 актери во документираниот филм “Видимо се у Читуљи” (сниман за време на санкциите, од 1993-1995-та година) преживеале до денес. Иако во јавноста често се споменува дека единствениот преживеан е Александар Кристијан Голубовиќ, денес преживеани се оние кои се повлекоа од криминалните активности.

vidimo-se-u-citulji“Жестоките момци” тогаш се согласија отворено да зборуваат за случувањата кои не им беа достапни на медиумите. Само за време на снимањето на филмот тројца учесници во документарецот биле убиени при судирите во подземјето на Белград.

Сето ова започнало во текот на “лудите” деведесетти. Првиот кој станал мета на судирите бил Александар Кнежевиќ, убиен на 28-ми октомври 1992-ра година, во апартманот 331 хотел Хајат. Потоа се почнало да се влошува. Се пукало од пиштоли, пушки, фрлале бомби… Се убивале во заседи и пресметки.

За најуспешен може да се смета Жељко Рутовиќ, кој, како и во филмот, така и денес е неосудуван и се занимава со бизнис. Некогашните кланови денес не се заедно. Судбините на преживеаните се различни. Некои се во затвор, повеќето се повлечени, а има и такви кои се уште се активни во подземјето.

За реализација на филмот заслужни се авторите Алесандар Кнежевиќ и Воислав Туфегџиќ и режисерот Јанко Балјак, базиран на книгата “Криминалот кој ја промени Србија“. Ви ги претставуваме актерите кои успеаа да го преживеат дождот од куршуми во деведесеттите.

Александар Кристијан Голубовиќ

Повеќе од една деценија помина по затворите во родната Германија, Италија, Грција и други земји низ Европа. Уште како малолетник одлежал 3,5 години во Дизелдорф поради вооружан грабеж.
kristijan golubovic

Во Србија бил екстравиран по меѓународните потерници: 1993-та од затворот во Дизелдорф и во 2003-та од грчките казамати каде робувал како шеф на југословенската мафија во Атина. Осудуван поради изнуда и отслужил четири ипол години. Моментално е осуден на 14 години затвор поради препродажба на дрога.

Жељко Рутовиќ

Член на кланот кој во филмот ги признава своите зделки со украинската мафија, но зборува и за паметниот начин на “водење бизнис”, преживеал и како и во филмот така и до ден-денес остана неосудуван.

zeljko rutovic

Иако во “Белата книга” на MUP од 2003-та е означен како член на ѕвездарскиот клан на Средое Шлјуќиќ, ниту денес нема ни една дамка во кариерата и е сметан за контроверзен бизнисмен. Тој ги поседувал казината во елитниот руски туристички град Сочи.

Драган Николиќ Гаги

Член на “кланот бегство” и еден од лидерите на групата со Петар Милошевиќ, кој беше убиен во 1999-та година, Горан Мијатовиќ Мите, кој беше убиен во 2006-та година и Радослав Трлаица Бате Трале, убиен во 2000-тата година.

dragan gagi

На 18 години Гаги заедно со Славиша Павиќ Пирке, заминал во странство и го “ковал занаетот” во Австрија, Италија и Германија. Не криел ниту дека се дружел и со Кристијан Голубовиќ, што сепак не опстанало долго. Во овој момент се наоѓа во Централниот затвор на Белград, каде што издржува казна како соучесник во убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан. На оваа пресуда се жалел пред судот за човекови права во Стразбург.

Ненад Бранковиќ Нена

Таканаречениот повратник од военото поле во филмот и припадник на ѕвездарскиот клан на време се повлекол од светот на криминалот и се посветил на легални работи.

nenad brankovic

Љубомир Манојловиќ Буце

Член на кланот на ѕвездарите кој и во време на филмот бил вклучен само во ситни зделки, но им бил пријател од детството на “жестоките момци” од оваа белградска населба. Набрзо по филмот се збогувал со “матните бизниси”.

buce ljubomir

Соња Лазетиќ

Во филмот имала само 15 години. “Сакам да бидам позната, сакам сите да ме знаат“, изјавила таа. Потоа се омажила за Горан Мариќ, контроверзен бизнисмен, кој бил убиен и запален во џип во 2009-та година. Повторно се омажила за фудбалерот Никола Лазетиќ пред три години.

sonja lazetic

Владан Контиќ Конта
По филмот не се појавувал во јавноста до 2006-та година. Тогаш во пресметка со Лука Бојовиќ во вилата “Јелена” бил ранет во нога. Пред неколку години бил претепан од обезбедувањето на сплав и подоцна му била исплатена огромна штета.

Предраг Владушиќ

Успеал да спаси жива глава од неколку вооружени престрелки. Во деведесетите години од минатиот век се повлекол од криминалот, а од филмот е познат по тоа што многу често го користел зборот “разумеш”.

predrag vladusic

Срѓан Качавенда
Тој се повлекол од јавноста и од “големите приказни”. Сепак, за него се зборуваше дека бил контроверзен бизнисмен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1